Topic Tags |
| There are no Forum Tags |
| View previous topic :: View next topic |
| Author |
Message |
Sting EYE Македонец

Joined: 18 Sep 2007 Posts: 24 Location: MACEDONIA
|
Posted: Thu Sep 20, 2007 9:43 am Post subject: Тодор Комитата |
|
|
Пролет, 1903г.
Предвечерие на Илинденското востание.
Охридски регион.
Неколку луге облечени во кожуви,наредени со реденици и кубури скришум се пробиваат низ грмушките.
Војводата – Каде си бре Тодоре цел ден те бараме.
Тодор – Многу пати ви кажав војводо, никој не може да ме најде
(се прегрнуваат и слатко се смејат)
Војводата – Како стојат работите?
Тодор – Вчера доставив пет полни магариња, денеска имам уште две.
Војводата – Со пари,како стоиме?
Тодор – Знаеш Војводо, нема! Но синока Ристе од Плаке ми кажа дека ги продал овците, и ке ја плати оваа тура.
Војводата – Знаев Тодоре, затоа на сите горе им кажувам дека ти си најдобриот!
Тодор – Се за Слободна Македонија.
Војводата – Така е брате.
(Се прегрнуваат три пати, со силен стисок. Тодор вади од самарот на магарињата неколку предмети завиткани во крпи и му ги поддава на Војводата)
Војводата – Овие се нови Тодоре?
Тодор – Да војводо, подобар кубур нема да најдеш на цел балкан, а кашикарите се дури од ковачница во Јанина. Минатиот пат ви кажав дека оваа тура ке биде најдобра.
Војводата – Одлично Тодоре. Значи како што се договоривме, за две недели,приквечерина, ке се најдеме кај третата валавица долу во Речица.
Тодор – Не бери гајле војводо. Биди сигурен дека сите мои луге ке дојдат таму.Местото ке биде безбедно за твоите луге.
Војводата – Слобода или Смрт
Тодор – Слобода или Смрт
Тодор беше третото дете од фамилијата Ѓорчевци.Беше цврсто и калешо момче.Неговите спремаа пари да го пуштат на школо,но под присила ги дадоа на бегот Ресенски. Така, таткому Наум одлучи тој да ја чува стоката и добитокот, иако Тодор беше најбистрото момче.
Но, темпераментот на Тодор не запре. Тој многу рано се приклучи во движењето за Слободна Македонија, која во тоа време беше активно и во Охридскиот регион.Негови ментори беа многу познати дејци за слобода од Охридско, како и подоцнежни учесници и креатори на републиката.
Тодор - комитата беше главната артерија на организацијата за набавка и транспорт на оружје и храна до четите кои дејствуваа во регионот и пошироко.Сите му веруваа, и сите го почитуваа неговиот темперамент снаодливост, лојалност и истрајност.
Тоа кобно утро, пролетта 1903г. Тодор замина на своето бачило,недалеку од своето село, да ги приврши приготовките за големиот состанок.
Во неговиот дом како гром навалија групата на Ресенскиот бег. Беа гневни како кучиња.
Наум – Што сакате, ви платив за оваа година?
Јаничарот – Каде е син ти Тодор?
Наум – Знаете дека го нема веке извесно време, ни трага ни глас од него? Не знам каде е?
Јаничарот – Ако не го најдете додека не нагости домакинката, ке ве заколиме сите дома, како кучиња?
Скришум, помалиот брат истрча до бачилото по Тодор.
Димитрија – Тодоре, брате, побрзо дојди дома, те бараат, ке не убијат сите?
Тодор – (не се колеба ни минута) Ајде одиме! (храбро и машки како само тој знаеше)
Се исправи Тодор на широките врати од својот дом.
Станаа сите на штрек кога го видоа.
Јаничарот – (збунет и изненаден од крупниот комита) Ооооо Тодореее?! Па тебе те бараме!
Тодор – Ајде да одиме! Оставете ги лугето на мира!
Му ги врзаа рацете, му ставија превез на главата, и го одведоа во долната валавица покрај реката.
Јаничарот – Кажи кај ке се сретнете со војводите?
Тодор – (молчи и се смешка под мустак)
Јаничарот – Кажувај, инаку ке ти ги корнеме ноктите! Очите ке ти ги бодиме со клинец! На парчиња ке те сечиме!
Тодор – (ладнокрвно) Подобро сега да ме убиете отколку да си го трошите времето залудно!
Јаничарот – Ке кажеш, ке кажеш! Знаеме ние за вас комитите.
Цела вечер јаничарите се изживуваа со комитата, му ги корнеа ноктите од прстите со врела клешта, го налеваа со врело масло по усните, го тепаа...
Тоа траеше два дена и две ноки – без престан. На крај му ги врзаа двете раце силно, и под пазувите му ставија две врели јајца. Тоа тотално го уништи. Почна месото да му се распага, но комитата не подлегна. Изморени јаничарите, таа вечер легнаа да спијат. Тодор ја најде шансата, смогна сили и успеа некако да се извлечка скришум надвор од воденицата. Се истркала во долот, целиот исцрпен и облеан во крв. Успеа некако да се довлечка до реката, каде за срека го најде неговиот другар Ристе.
Ристе – Тодоре, што ти сториле? Кој?
Тодор – (сиот истоштен) Брате не прашувај... Оди веднаш кај војводата и пренеси му дека СМЕ ПРЕДАДЕНИ!!!
Ристе – Кој не предаде?!
Тодор – Незнам брате, најди го проклетникот?
Ристе – Ти ветувам!
Состанокот беше навреме откажан. Сите ги растревожи веста за Тодора.
А Тодор, половина мртов, го сокрија во едно бачило горе во планината. Го посетуваше мајкаму со понада и лековити треви. Беше немозможно да го спаси своето чедо, и сама знаеше.
Вечерта го посети Ристе.
Ристе – Тодоре!
Тодор – Кој беше побратиме?
Ристе – (молчи)
Тодор – Кој е шпионот?
Ристе – Твојот братучед ВЕЛЈАН ОД РЕЧИЦА...
Тодор – Проклет да е...!!!
Тодор – комитата, две недели по неговото мачење почина на својата неполна 25-та година, од раните кој му ги зададоа турците. Немаше срека да учествува во уривањето на Турската империја и создавањето на Републиката Македонска, која толку многу ја посакуваше. Цел негов краток живот го подари за неговата МАКЕДОНИЈА. Животот му згасна со поздравот СЛОБОДА ИЛИ СМРТ.
_________________________________________________________
Постот му го посветувам на мојот прадедо ТОДОР ЃОРЧЕСКИ - КОМИТАТА (1889 – 1903), кој го даде животот за неговата МАКЕДОНИЈА и мојата слобода. Поколенијата од шпиунот и ден денес уживаат во благодетите на слободата, но белегот на делото ке ги прати. Проклет да е ВЕЛЈАН ОД РЕЧИЦА!
Дел од цитатите во постот се земени од книгата на Петар Пирузе Мајски – Револуционерното движење во Охридско. _________________ Слобода или Смрт за МАКЕДОНИЈА! |
|
| Back to top |
|
 |
Spartak Site Admin

Joined: 08 Aug 2007 Posts: 96 Location: Skopje, Republik of Macedonia
|
Posted: Thu Sep 20, 2007 9:46 am Post subject: |
|
|
Поздрав Стинги. Одличен пост. Нека се знаат што поеќе борци за слободна Македонија.
Да си го славите роденденот на Тодор Комитата _________________
 |
|
| Back to top |
|
 |
Sting EYE Македонец

Joined: 18 Sep 2007 Posts: 24 Location: MACEDONIA
|
Posted: Thu Sep 20, 2007 9:48 am Post subject: |
|
|
Со голем респект кон сите борци за слобода на Македонија.
НО САМО МРТВИТЕ БОРЦИ ГО ВИДОА КРАЈОТ НА ВОЈНАТА. _________________ Слобода или Смрт за МАКЕДОНИЈА! |
|
| Back to top |
|
 |
ReVolT Кафанџија

Joined: 17 Sep 2007 Posts: 3 Location: Скопје, Македонија
|
Posted: Thu Sep 20, 2007 6:23 pm Post subject: |
|
|
Се чувствувам горд кога читам вакви постови респект за загинатите херои! _________________ Everything for the fatherland ! |
|
| Back to top |
|
 |
Makedon Site Admin

Joined: 01 Jul 2007 Posts: 110 Location: Macedonia
|
Posted: Tue Dec 18, 2007 4:16 pm Post subject: |
|
|
и ја _________________ Born with the sun, and gonna die with it !!! |
|
| Back to top |
|
 |
is no good Кафанџија
Joined: 09 Sep 2007 Posts: 11 Location: Ok, USA
|
Posted: Sun Jan 13, 2008 6:41 am Post subject: Re: Тодор Комитата |
|
|
| Sting EYE wrote: | Постот му го посветувам на мојот прадедо ТОДОР ЃОРЧЕСКИ - КОМИТАТА (1889 – 1903), кој го даде животот за неговата МАКЕДОНИЈА и мојата слобода. Поколенијата од шпиунот и ден денес уживаат во благодетите на слободата, но белегот на делото ке ги прати. Проклет да е ВЕЛЈАН ОД РЕЧИЦА!
Дел од цитатите во постот се земени од книгата на Петар Пирузе Мајски – Револуционерното движење во Охридско. |
Bravo gord da si na potekloto svoe, mnogu me izraduvaa ovie izvadoci, i od e zrtva kako mnogute drugi na predavstvo.
Nego edno sto me interesirase, siguren si deka prezimeto mu e so Ski?
Pozdrav _________________ www.macbro.org |
|
| Back to top |
|
 |
|
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot vote in polls in this forum
|
|