Spartak Site Admin

Joined: 08 Aug 2007 Posts: 96 Location: Skopje, Republik of Macedonia
|
Posted: Tue Sep 18, 2007 12:29 am Post subject: КИРИЛ ТОДОРОВСКИ ЈАВНО ИМ СЕ ИЗВ |
|
|
Три дена по прозивката на Потпретседателот на СДСМ, градоначалникот на Аеродром денеска излезе јавно да им се извини на граѓаните за се што досега сторил за да Општината ја направи најурбана во Македонија.
- Длабоко се извинувам и признавам дека не сум ја злоупотребил функцијата, не сум ја оштетил Општината и не сум остварил за себе никава имотна корист. Си ја сакам општината, лојален сум и упорно работам за доброто на граѓаните – изјави Кирил Тодоровски, градоначалник на општина Аеродром.
Како прво Советот на општината нема право да решава дали ќе се издава или не општинскиот весник, како второ сметката во Стопанска е на име на Општината, а не на Кирил Тодоровски, такашто не може да ја користи за лични потреби и како трето за патувањата во странство постојат уредно изготвени патни налози кои сведочат дека истите не биле наводно службени. Вака Тодоровски одговара на обвинувањето за ненаменското трошењето на општинските пари. Вели во буџетот ќе влегле милиони евра само од комуналии доколку Советот не му правел невидени сопки и опструкции. Тодоровски повел и судска постапка против челновите на Советот, а со цел да им се наплати долгот од 200.000 евра, пари кои, како што вели Градоначалникот советниците незаконски си ѓи префрлале.
СНЕЖАНА ЈОВАНОВСКА
http://www.sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=20894&kategorija=%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0 _________________
 |
|